„Гратис Гушкање“ Светската Кампања
Кампањата „Free Hugs” или „Гратис Гушкање” представува социјално движење кое, во доменот на својот систем, вклучува индивидуи кои нудат прегратка на непознати лица во јавност. Идеата е всушност инкарнација на прекрасна приказна на авторот Клауд Стајнер - „А Worm Fuzzy Tale”.
Настанот кој го покрена слободното движење започна на 30 јули 2004 година во Сиднеј, Австралија. Приказната започнува со големото разочарување на еден обичен човек, кој со својата несебично дадена љубов како случаен акт на љубезност, посака прегратка која би ја вратила насмевката на неговото лице и на лицето на секој непознат минувач, прегратка која би ја тргнала „железната завеса“ од лицето на луѓето, прегратка која би направила да се почувствуваме среќно.Името на тој несекојдневен и добронамерен човек е Хуан Ман.
„Гратис Гушкање” Македонија
Нашиот концепт на тимска работа кој тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето”, ќе вроди сензационален пораст кој не е случајност, туку логички резултат на правилни одлуки, храбра визија и иновативни концепти ориентирани кон иднината.
Луѓето се насмевнуваат на назаборавни искуства кои се темелат на комплетно разбирање и задоволување на нивните емоции.
Нашиот тим претставува симболичен амбасадор на планетарната љубов. Од самото креирање и планирање, до имплементација и анализа, ние веруваме во моќта на директниот контакт „Гратис Гушкање”... затоа што само на тој начин можеме да изградиме свет со повеќе љубов за идните генерации.